Mümin Altaş
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин утре телефонски ќе го побара турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, што ќе биде нивниот прв разговор по падот на рускиот авион во ноември минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските воени авиони на 24-ти ноември 2015 година, прво го пресретнаа, а потоа го соборија рускиот авион Су-22, со што беше повреден турскиот воздушен простор во пограничниот простор со Сирија.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера изрази жалење поради соборувањето на авионот.
„Уште еднаш изразувам сочувство до семејството на починатиот пилот, нека не ни замеруваат. Сочуствувам со нивната болка”, рече Ердоган во писмото до Путин.
Ердоган по падот на авионот се обиде телефонски да го контактира рускиот претседател, но руската страна не одговори.
Постоеа информации дека Ердоган и Путин ќе се сретнат на Самитот за климатски промени кој се одржа на крајот од минатата година. Сепак, тоа не се случи.
По соборувањето на рускиот воен авион во турскиот воздушен простор во ноември минатата година, Путин нареди санкции за прехрамбените производи, крај на безвизниот режим и ги повика руските туристи да не патуваат во Турција.