Hamdi Çelikbaş
08 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција објави дека Турските вооружени сили (ТСК) никогаш нема да дозволат формирање терористички коридор на границата со Турција и дека подготовките за операцијата се завршени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во објавата што Министерството ја објави на социјалната мрежа Твитер се додава: „Со цел давање придонес во обезбедувањето на стабилноста и мирот во нашиот регион и овозможување безбеден живот за Сиријците, задолжително е формирање безбедносна зона/мировен коридор.“
Во споменатата објава се истакнува дека Турските вооружени сили во никој случај нема да толерираат формирање терористички коридор на турските граници, објавувајќи дека се завршени сите подготовки за започнување на операцијата.