Zehra Aydın
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
ДЕНИЗЛИ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган му порача на германскиот министер за надворешни работи Сигмар Габриел дека негово ниво не е да му се обраќа на претседателот на Турција, туку на министерот за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган им се обрати денеска на собраните граѓани на Денизли, градот на западот на Турција, а во таа прилика се осврна на актуелните случувања.
Истакна дека неговата земја се наоѓа на раскрсница.
„Константните напади на кои бевме изложени во последните четири години и борбата против тие напади која ја водиме заедно со нашиот народ ќе остави печат и на нашата иднина. Турција се наоѓа на раскрсница. Постои опасноста да се врати периодот од 90-те години, во еднопартискиот период на ЏХП кога беше слаба земјата. Од друга страна, тука е шанса да да се изгради посилна, поголема и попросперитетна Турција, а тоа е процес кој трае од Демократската партија па се до денешната Партија на правдата и развојот (АК Парти)", порача турскиот претседател Ердоган.
Турскиот претседател додаде дека Турција на Германија и проследила 4.500 терористи, како и дека германската канцеларка Ангела Меркел не ги зеде на разгледување.
„Испратив досиеа на 4.500 терористи на госпоѓата која се наоѓа на чело Германија (канцеларката Ангела Меркел). За жал, таа не ги зеде на разгледување, а тие се сеуште кај неа. Госпоѓата од мене бараше испорачување на едно, две или три лица. Простете, но ако кај вас постојат судови, постојат исто така и кај нас", порача Ердоган.
Претседателот Ердоган се осврна и на германскиот министер за надворешни работи Сигмар Габриел, на кој му порача: „Кој си ти да му се обраќаш на претседателот на Република Турција. Твое е да разговараш со турскиот министер за надворешни работи. Треба да го знаеш своето ниво."