Ahmet Kaplan,Mustafa Çavuş
01 Април 2016•Ажурирај: 01 Април 2016
ДИЈАРБАКИР (AA) - Турскиот министер за развој, Џевдет Јилмаз, рече дека во Дијарбакир на југоистокот на Турција е изведен терористички напад со помош на автомобил бомба, како и дека загинале седум полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неговите зборови, повредени се 13 полицајци од кои еден потешко, како и 14 цивили меѓу кои и еден кој е во потешка состојба.
Терористите извеле бомбашки напад во местото Баглар во Дијарбакир во моментот кога низ тоа подрачје минувало полициско возило.
Според првичните информации, силна експлозија се случила во близина на автобуската станица во моментот кога по тој пат минувало возило во кое се наоѓале припадници на специјалната полиција.
На многу згради во близина на автобуската станица скршени се стаклата, додека некои возила на тоа подрачје се оштетени.