Barış Gündoğan
31 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
АНКАРА (AA) - Министерот за правда на Турција, Абдулхамит Ѓул, во Анкара изјави дека претстојната реформа на правосудството ќе има позитивен ефект на патот на земјата кон членството во Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Гостувајќи во уредничкиот деск на Anadolu Agency (AA), Ѓул рече дека документот во врска со стратегијата за реформа на правосудството во Турција, а кој е подготвен во консултација со експерти, граѓани и со претставниците на Европската Унија, ќе биде темел на реформиран правосуден систем, кој нема да овозможува санкционирање на поединец поради неговото мислење, изразување или критика.
Тој најави и акционен план кој нема да толерира кршење на човековите права во која било смисла.
Ѓул истакна дека стратегијата на реформата на правосудството не е документ само на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) или на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, туку се работи за документ зад кој стојат 82 милиони граѓани, со оглед дека се спроведени анкети во сите делови на Турција.
Потсетувајќи на штетата која во претходните години на турското правосудство му ја нанела терористичката организација ФЕТО преку своите членови инфилтрирани во правосудните институции, Ѓул рече дека влијанието на ФЕТО ја нарушило довербата на граѓаните во правосудството.
„Затоа ни е приоритет да ги детектираме и елиминираме сите недостатоци“, рече Ѓул и нагласи дека првиот сет реформи би требало наскоро да се најде пред пратениците во Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ).
Според реформите во правосудството, меѓу другото, на трудниците, малолетниците и на повозрасните лица обвинети за ситни прекршоци ќе им биде дозволено казните да ги служат во куќен притвор преку електронско означување.
Ѓул, исто така, нагласи дека реформскиот документ ќе ја зголеми довербата на граѓаните во правосудството и ќе обезбеди предвидливо опкружување за инвестиции. Истакна дека реформата ќе придонесе кон јакнење на слободата на изразувањето.