Jeyhun Aliyev
05 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
ГАЗИАНТЕП (АА) - КЕРЕМ КОЏАЛАР -
Турција има за цел да оствари извоз на килими во Соединетите Американски Држави (САД) во вредност од 500 милиони долари до крајот на 2018 година, објави денес регионалната асоцијација за извоз на килими, Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Асоцијацијата на извозници на килими од југоисточна Анадолија (GAHIB), Ахмет Каплан, за АА изјави дека САД се на прво место како пазар за извоз на турските килими.
„До крајот на годината, ќе имаме извезено една третина килими во САД, од вкупниот извоз на килими“, истакна Каплан.
Турција, во првите девет месеци од оваа година оствари извоз на килими во САД во вредност од 350 милиони долари.
Каплан нагласи дека по САД, како главни пазари за извоз на турските килими се Саудиска Арабија и Ирак.
Челникот на Асоцијацијата рече дека Газиантеп, област во југоисточна Турција, произведува 30 отсто од машински ткаените теписи во светот, а 90 отсто од килимите во Турција.
Тој соопшти дека Газиантеп остварил извоз на килими во износ од 1,1 милијарди долари во првите девет месеци во 2018 година, додавајќи дека има за цел да оствари извоз во вредност од 1,5 милијарди долари до крајот на годината.