Erdoğan Çağatay Zontur
07 Јуни 2019•Ажурирај: 08 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес ги повтори правата на кипарските Турци во врска со прашањата поврзани со дупчењето во Источниот Медитеран, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашите турски роднини во Северен Кипар имаат право на исти права како и луѓето во Јужен Кипар, особено за прашањето како што е нафтата во Источен Медитеран“, рече Ердоган во Истанбул и истакна:
„Посветени сме да ги заштитиме нашите турски роднини во Северен Кипар, особено регионите кои што исклучиво се поврзани со економијата“.
„Значи, нашите новокупени бродови за истражување на нафта се во регионот [...] Тие се заштитени со фрегати на Турските вооружени сили“, додаде турскиот претседател.
Кипар е поделен уште од 1974 година, по државниот удар на кипарските Грци, кој беше проследен со насилства против турските жители на островот и интервенцијата на Анкара како гарант.
Во 1983 година беше основана Турската Република Северен Кипар.
Првиот турски сеизмички истражувачки брод „Барбарос Хајретин-паша“ купен во Норвешка во 2013 година, вршеше истражувања во Медитеранот од април 2017 година.