Kaan Bozdoğan
08 Јуни 2019•Ажурирај: 09 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше сведок на венчавката на поранешниот репрезентативец на Германија и фудбалер на Арсенал, Месут Озил и Амина Ѓулше, јавува Anadolu Agency (AA).
Венчавката, на која присуствуваше и сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган, е одржана во хотелот „Четири сезони“ (Four Seasons) на Бешикташ.
Ердоган на младенците им посака многу среќа. На венчавката присуствуваа и голем број познати лица од светот на спортот.