Yunus Girgin
06 Февруари 2021•Ажурирај: 09 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - „Туркиш карго“ е прогласен за најдобар карго на годината на доделувањето на наградите „Payload Asia 2020“, објави денес компанијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Туркиш карго“, подружница на авиопревозникот „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ), ги победи конкурентите од целиот свет и ја доби наградата врз основа на квалитетот на услугата, ефикасноста, брзината и сигурноста, како и иновативноста и визијата на компанијата, се вели во соопштението.
„Оваа важна награда, заедно со другите награди во светски рамки што ги освојувавме во текот на годината, претставува значајна пресвртница што укажува на нашиот квалитет на услугата, оперативната совршеност, нашите иновативни стандарди насочени кон надминување на очекувањата на клиентите и нашите одржливи достигнувања“, рече Турхан Озен, главниот заменик-директор на ТХЈ (Карго).
„Туркиш карго“ може да се пофали со најголемата мрежа за директни летови на карго авиони во светот, која опфаќа над 300 места, од кои 96 се директни карго дестинации - со флота од 365 авиони.