Bilal Altıok
13 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
БУРДУР
Според информациите добиени од Гувернерството на Бурдур, минатата година и покрај епидемијата од новиот вид на коронавирус (Ковид-19), природното чудо, езерото „Салда“ го посетиле 800.000 туристи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Езерото Салда, познато како „Турските Малдиви“ кој се наоѓа кај градот Бурдур, поради мерките преземени против епидемијата беше затворена 2,5 месеци. За посетителите беше отворен на 1 јуни. Во текот на летниот период езерото беше домаќин на голем број на посетители.
Поради големиот интерес, од 15 октомври влезот на езерото и плажата од регионот на „Белите острови“ беше затворен од Министерството за животна средина и урбанизација, заради заштита на езерото.
Во 2019 година 1.400.000 луѓе го посетија езерото Салда.