Ali Bayaslan
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим изјави дека во врска со Сирија и Ирак многу се зборува, но таму ништо не се прави конкретно за подобрување на ситуацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Америка светот го крева на нозе, а потоа ништо конкретно. Околу Ирак и Сирија многу се зборува, а ништо не се прави. Но затоа ние работиме. Имаме јасни примери", рече Јилдирим во обраќањето во Истанбул.
Истакна и дека неговата земја не може да ги игнорира нападите на терористите на турските погранични градови.
„На Хатај и Килис паѓаат ракети и бомби. Зарем да затвориме очи пред тоа? Секако дека нема тоа да го направиме", рече турскиот премиер.
Додаде и дека Турција во операцијата „Штитот на Еуфрат" водеше најжестока борба против ДЕАШ на територија од две илјади километри квадратни.
„Таму сега сепак се вратија преку 100 илјади луѓе. Сместени се во своите домови, се бават со трговија и иднината ја гледаат со надеж. Само во тамошните училишта сега настава посетуваат 160 илјади ученици. Имаат болници, училишта, полициски станици, се што е потребно", рече Јилдирим.
Истакна дека во денешниот свет постои сериозен проблем поради недостаток на лидерство.
„
Во побогатите земји, кои пружаат големи можности, постои јасен проблем на лидерство. Кога постои тој проблем, тогаш не можеме да ги оствариме ниту посакуваните резултати во контекст на барање решение за глобални проблеми. На пример, да ја погледнеме Сирија, Ирак, Авганистан, Јемен и африканските земји. За жал, нема решение за нивните проблеми. Зошто? Поради ривалство. Невините луѓе, кои таму живеат, и понатаму патат поради ривалство помеѓу другите", рече Јилдирим.