Ekipa
03 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Недостигот од лидерство во светот, може да се обезбеди со развивање на турскиот модел, изјави денес Роберт Диксон Крејн, советникот на поранешниот американски претседател Ричард Никсон, јавува Anadolu Agency (AA).
„Треба да се вратиме на мудроста на Османлиското Царство. Можеме да го развиеме турскиот модел, почнувајќи од Атлантикот до Кина“, истакна Крејн во своето обраќање на „TRT World Forum“ во Истанбул, каде што АА е глобален комуникациски партнер.
Тој се обрати во рамките на првата сесија на Форумот во Истанбул, под наслов: „Свет доведен во или вон ред? Сто години од Втората светска војна“.
Критикувајќи ја политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, Крејн го наведе Османлиското Царство како контрапример, велејќи:
„Постоела централизирана администрација (за време на Османлиската ера), но луѓето биле независни и нивниот идентитет не бил загрозен. Денес, САД и Европа чувствуваат дека нивните идентитети се загрозени.“
„Ние одиме во полоша насока. Губиме надеж. Влијанието на САД опаѓа во светот, а Турција треба да го обезбеди лидерството кое недостига“, додаде тој.
Османлиското Царство, едно од најдолготрајните царства во светската историја, со големи делови од Источна Европа, Блискиот Исток и Северна Африка, владеело над 600 години.

На истата сесија, Вилијам Хејл, почесен професор на Одделот за политички и меѓународни студии при Школата за ориентални и африкански студии (SOAS) во Лондон, зборуваше за „трите театри на конфликт на Блискиот Исток“.
„Првиот, од 1948 година, е конфликтот помеѓу Израел и Палестинците, во кој САД играат важна улога.“
„Вториот е во Сирија, во кој Русија е доминантна сила, додека моќта на САД е во опаѓање, додека третиот е помеѓу Иран и Саудиска Арабија, во кој и Русија и САД се секундарни вклучени сили.“

Од своја страна, Томас П. М. Барнет, американски воен геостратег и главен аналитичар во „Wikistrat“, истакна: „Ние треба да ги балансираме нашите односи со остатокот од светот. Не можеме премногу да сме преокупирани со конкуренцијата меѓу САД, Русија, Кина и другите големи сили во светот.“
Прашан дали САД треба да бидат извозник на безбедност во другите држави, тој рече: „САД се обидоа да го реплицираат својот модел на меѓудржавна интеграција во светот по Втората светска војна. Сега тоа се нарекува глобализација.“