Sorwar Alam
26 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Генералштабот на турската војска денес соопшти дека турските воени авиони уништиле 206 цели на ДЕАШ во северна Сирија, при што неутрализираа 23 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили ги поддржуваат борците на Умерената сириска опозиција во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која започна минатиот август со цел ослободување од терористичката група и да се воспостави мир и безбедност во регионот.
Во соопштението се вели дека турските авиони погодиле 19 згради на терористите на ДЕАШ и три возила натоварени со експлозив.
Во последната воздушна операција исто така се уништени и засолништа на ДЕАШ, магацини за оружје, командни и контролни објекти, оружје, возила и позиции за напад во близина на областите Ал Баб, Бзагах, Тадиф и Кабр ал Мукра.
Во соопштението се додава дека од почетокот на операцијата, 3.209 рачно изработени експлозиви и 55 мини биле неутрализирани под контролирани услови.
Исто така во соопштението се наведува дека досега се ослободени вкупно 227 населени области и територија од 1.875 квадратни километри долж коридорот од северниот сириски град Азас до Џарабулус, одејќи паралелно со турската граница.