Ekipa
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата од Одделот за комуникации при турското Претседателство, Ердоган и Путин разговарале за билатералните односи, за прашањата поврзани со соработката во борбата против новиот вид коронавирус Ковид-19 и за регионалните прашања.
Според прес-службата на Кремљ, двајцата државници дискутирале и за руските граѓани кои поради Ковид-19 се наоѓаат во Турција, да можат да се вратат во својата земја.
Двајцата лидери размениле и мислења за прашањата за Идлиб и Сирија, вклучително и спроведувањето на руско-турските договори од 5 март, за стабилизирање на ситуацијата во регионот на Идлиб.
Ердоган и Путин разговараа и за либиското прашање и за економската соработка меѓу двете земји. Двајцата лидери исто така се согласија да одржуваат контакти меѓу двете земји на различни нивоа.