Berk Özkan
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Носталгичниот трамвај во Бејоглу, кој е еден од симболите на Истанбул, остана празен бидејќи граѓаните ги почитуваат мерките за неизлегување од дома, јавува Агенција Анадолија (АА).
Повиците упатени до граѓаните да избегнуваат излегување на улиците како дел од мерките преземени против коронавирусот, се спроведуваат во историските делови на Истанбул како што се населбите Бешикташ и Бејоглу.
Плоштадот „Таксим“ и улицата „Истиклал“, кои се популарни кај локалните и странските туристи, вообичаено се преполни и во текот на работната недела и за време на викендите. Но поради епидемијата на коронавирусот тие останаа празни.
Покрај големиот број работни простории на улицата кои останаа затворени, и носталгичниот трамвај, еден од симболите на Бејоглу, остана празен.
Носталгичниот трамвај, без оглед на тоа што е без патници, продолжува да се движи, а на плоштадот може да се забележат полицајци на коњи, медицински екипи и персоналот за одржување на хигиената на плоштадот.