Burak Bir
05 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека националните воени авиони кои Турција ги произведува се најдобар одговор за оние кои се закануваат за нејзиното вклучување во програмата за борбените авиони „Ф-35“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се надевам дека нашиот воен авион, кој ќе биде домашен во секоја фаза на дизајн и производство, ќе излезе од хангарот во 2023 година“, изјави Ердоган на церемонијата на отворање на нов објект за муниција во централната област Кирикале.
Стекнувањето на Турција со напредниот руски систем за воздушна одбрана „С-400“ ги натера САД да ја отстранат Турција од програмата „Ф-35“ во јули. Американците тврдеа дека системот може да го користи Русија за тајно да добие класифицирани детали за авионот и дека е некомпатибилен со системите на НАТО.
Сепак, Турција се спротивставува на тоа дека „С-400“ нема да биде интегриран во системите на НАТО и дека нема да претставува закана за Алијансата.
Нагласувајќи ја важноста за воздушните одбранбени системи, Ердоган изјави дека ситуациите со кои се соочува Турција во Либија и Сирија покажуваат дека треба да се обрне повеќе внимание на одбранбените ракети.