Ali Murat Alhas
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека стотици терористи во Сирија и во северен Ирак се неутрализирани во рамките на прекуграничните антитерористички операции на Турција уште од почетокот на 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ја продолжуваме нашата борба против тероризмот во Сирија и во северен Ирак. Од 1 јануари неутрализурани се вкупно 1.411 терористи“, рече Акар во обраќањето пред персоналот на турското Министерство за одбрана.
Истакнувајќи дека Турција е една од најуспешните земји во поглед на сузбивањето на ширењето на коронавирусот во редовите на вооружените сили, Акар рече дека бројот на случаи на заразени кај турските војници е незначителен.
На прашањето за оружениот судир меѓу нелегитимните сили на командантот Калифа Хафтар и силите на либиската Влада за национално единство со седиште во Триполи, Акар рече дека балансот на силите во со војна разорената земја значително е променет откако Турција започна да му помага на Триполи во воената обука, соработката и советувањето.
Либиската Армија оваа недела од милициите лојални на Хафтар ослободи две места јужно од базата „Ал-Ватија“, недалеку од границата со Тунис.