Sinan Uslu
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
АНКАРА
Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, во врска со усвоените закони од страна на Претставничкиот дом на САД со кои како цел се зема Турција, изјави: „Ова е спротивно на духот на Алијансата, на нашата заедничка работа во Алијансата, спротивно на операциите и вежбите што ги спроведуваме заеднички. Верувам дека Американците кои можат да размислуваат слободно и независно, ќе го натераат Конгресот да ја смени оваа одлука и ќе го спречат Конгресот да тргне по погрешен пат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Акар, пред состанокот на парламентарната група на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Големото народно собрание на Турција (ГНСТ) одговараше на прашањата на новинарите.
На прашањето за одлуката на Претставничкиот дом на САД, министерот Акар изјави дека се направени потребните активности на таа тема.
Министерот Акар рече дека додека од една страна се трудат да ги обезбедат границите на Турција и да ја осигураат безбедноста на нејзините граѓани, во исто време работат на формирање на безбедносната зона во северниот дел на Сирија, со цел да се обезбеди Сиријците безбедно и доброволно да се вратат во своите домови.
Акар рече дека ќе ја продолжат борбата против сите терористички организации, колку и да ги има, почнувајќи од ДЕАШ, ПЈД/ЈПГ/ПКК, и истакна „Овие активности треба да бидат разбрани. За активностите што ги спроведуваат Турските вооружени сили (ТСК), не треба со погрешна постапка да се прави каков било притисок од или до? командното ниво на ТСК. Тоа е во спротивност на духот на сојузништвото, на нашите активности во Алијансата, на операциите што заедно ги спроведуваме. Верувам дека Американците кои можат да размислуваат слободно и независно, ќе го натераат Конгресот да ја смени оваа одлука и ќе го спречат Конгресот да тргне по погрешен пат.“
Одговарајќи на прашањата на новинарите, Акар изјави: „Пред малку завршија меѓуделегациските воени средби со Русија. Во голема мерка е постигнат консензус. Нашите заеднички активности продолжуваат на еден конструктивен начин со заемно разбирање.“
На прашањето „Дали на средбата стана збор околу деталите во врска со патролите? Кога ќе започнат патролите?“, министерот Акар одговори „За сѐ се зборуваше. Патролите ќе започнат во претстојните денови, за ден-два.“
На прашањето во врска со борбата против тероризмот, Акар истакна „Како што секогаш повторуваме, продолжуваме со нашата борба против терористичките организации, првенствено против ДЕАШ, ПЈД/ЈПГ/ПКК. Никогаш не треба да заборавиме дека Турските вооружени сили во тие рамки неутрализираа околу 3.000 терористи на ДЕАШ во северниот дел на Сирија и уште околу 700 во северниот дел на Ирак. Би сакал да истакнам, не само до турската јавност, туку и до американската, дека е потребно многу внимателно презентирање на донесените одлуки и дадените изјави од аспект на борбата против тероризмот, за да не ѝ се нанесе каква било штета на оваа борба.“