АНКАРА (АА) - Доколку е потребно, Турција ќе ја прошири безбедносната зона во северна Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ќе пружиме драстичен одговор на каков било напад што доаѓа надвор од безбедносната зона [во северна Сирија] и ќе ја прошириме нашата безбедносна зона ако има потреба“, рече Ердоган во обраќањето пред парламентарната група на АК Партијата.
Ердоган им се обрати на земјите кои им даваат поддршка на терористичките организации, првенствено Европа, и порача:
„Правите грешка. Бидете сигурни дека змијата на тероризмот, која денес ја храните со сопствени раце, порано или подоцна ќе се сврти и ќе ве касне. Јасно ни е дека сега се подбивате за да не ги примите терористите кои се ваши граѓани. Во ДЕАШ има ваши терористи. Ние ви кажуваме да ги преземете, вие бегате и не сакате да го направите тоа“, рече Ердоган.
Нагласувајќи дека таквото одбивање, всушност е прашање на карактерот, Ердоган продолжи:
„Тие никогаш не биле покрај жртвите и угнетуваните, воопшто немаат намера за таков чекор. Тие само знаат да убиваат, само знаат како да продадат оружје. Стануваат само кога ќе го слушнат зборот „нафта“ и се движат во таа насока, тука никогаш не се откажуваат. Бидејќи нафтата им значи многу повеќе отколку пролеаната крв на илјадници луѓе.“
Тој истакна дека речиси 700 напади против Турција се извршени од терористите во странство, особено во Европа, откако Турција ја започна антитерористичката операција во северна Сирија.
„Земјите кои ја прифаќаат ЈПГ/ПКК како терористичка организација ги дозволуваат нејзините симболи да се веат низ нивните улици, а од друга страна ги забрануваат сите протурски активности“, истакна Ердоган.
„Повеќето од нив се наши приматели во НАТО, повеќето се наши приматели во ЕУ со кои во моментов сме земја преговарач“, рече турсиот претседател.
Тој додаде дека и покрај сето тоа, тие напади се извршувани во нивните земји и дека и уште повеќе, се прават со полициска придружба.
„Турција води една нова војна за независност и благодарам на Бога, чекор по чекор, оди кон победата“, истакна Ердоган.
Тој ги критикуваше Соединетите Американски Држави (САД), бидејќи припадниците на Сириската национална војска (СНВ) ги нарекуваат „терористи“, порачувајќи дека токму тие се вистинските сопственици на територијата и дека тие ја бранат.
„Ги нарекуваат (Сириската национална војска (СНВ) заб. ав.) терористи. Кој го прави тоа? - САД. Токму тие се сопственици на таа територија, тие ја бранат својата територија, како можете да ги нарекувате терористи?“, праша Ердоган.
Ердоган во врска со неговата посета на Соединетите Американски Држави (САД), која е планирана за 13 ноември годинава, рече дека сè уште не донел одлука, и дека тоа е под знак прашалник.
Тој се осврна и на одлуката на Претставничкиот дом на САД, кој усвои нацрт-резолуција во која настаните од 1915 година се карактеризираат како „геноцид“.
„Земја чија историја е извалкана со геноциди, ропство и експлоатации, нема право на збор, ниту да дава лекции на Турција“, рече Ердоган, и додаде: „Ние одлучно ја отфрламе оваа резолуција која се темели на тврдења со кои ФЕТО веќе со години кружи во јавноста. Зарем Америка падна толку ниско што стана затвореник на ФЕТО?“, праша Ердоган.
Турскиот претседател се осврна и на турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија и соопшти дека досега се неутрализирани најмалку 900 терористи.
„Во рамките на операцијата „Извор на мирот“ на површина од 4.219 километри квадратни, ослободивме 558 населени подрачја, притоа, неутрализирајќи најмалку 900 терористи.“
Турските сили на 9 октомври ја започнаа воената операција „Извор на мирот", на североистокот на Сирија, со цел елиминација на терористичките елементи ЈПГ/ПКК поради обезбедување на турската граница и овозможување на доброволно враќање на сириските бегалци. Операцијата го штити и територијалниот интегритет на Сирија.
На 22 октомври, Ердоган и Путин одржаа состанок во рускиот град Сочи.
Анкара и Москва постигнаа договор, според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат 30 километри јужно од турската граница со северна Сирија во рок од 150 часа, а безбедносните сили на Турција и Русија ќе вршат заеднички патроли во тоа подрачје.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.