Sarp Özer
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, оствари телефонски разговор со украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, во разговорот станало збор за осигурувањето безбеден транспорт на авионите „А400М“ на Турските вооружени сили и комерцијални бродови кои чекаат во украинските пристаништа кон Турција.
Во текот на разговорот, министерот Акар уште еднаш нагласи дека е неопходно да се прогласи прекин на огнот и дека Турција ќе продолжи да го врши својот дел во градењето на мирот и во однос на хуманитарната помош за Украина, како што тоа го правеше и досега.