Faruk Zorlu
05 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
АНКАРА (АА) - Најголемата турска поморска вежба во Турција, „Сина татковина 2019“, е исклучително успешна и нејзините резултати се задоволителни, истакна турскиот министер за одбрана.
„Турција имаше можност да ја покаже способноста на своите поморски сили“, изјави министерот Хулуси Акар за Anadolu Аgency (АА).
Воената вежба „Сина татковина 2019“ е заедничка воена вежба спроведена со присуство на други сили за тестирање на оружјето и воените системи на турските поморски сили, во периодот од 27 февруари до 8 март.
Акар и високите воени претставници проследија дел од вежбата од авионот за рано предупредување и контрола.
Коментирајќи ги односите помеѓу Турција и Грција, Акар истакна дека во рамките на добрососедските односи, Турција вложува напори за подобрување на билатералните односи со Грција на многу подобро ниво преку преземање мерки за градење меѓусебна доверба во согласност со меѓународното право.
Турција ќе продолжи да ги штити своите права, нацијата и интересите во Егејот, Источниот Медитеран и во Црното Море, додаде тој.
Вежбата започна со учество на 103 брода на морнарицата во Црното Море, Егејското Море и Источниот Медитеран, додека турската војска ги тестираше своите способности за војување во воени услови.
Вежбата, исто така има за цел да ја зголеми ефикасноста на системите за командување и контрола.
Како дел од вежбата, турската морнарица посети 33 турски пристаништа, како и седум странски пристаништа во Црното Море. Посетите имаат за цел да придонесат кон пријателството и мирот.
Во декември 2018 година, Турција на грчките власти им ги соопшти локацијата и времето на одвивање на воената вежба.
Во флотилата се вклучени 13 фрегати, 6 корвети, 16 јуришни брода и 7 подморници, 7 брода за откривање подводни мини, 14 патролни бродови, како и други пловила на морнарицата.
Вежбата, координирана од Командниот воен поморски центар, беше планирана шест месеци однапред во согласност со правилата и регулативите на НАТО.