Yunus İçen
28 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
АНТАЛИЈА (AA) - Домашните и странските туристи во Кемер, во турската област Анталија, во ист ден уживаа во морето, но и во снегот на планината Тахтали, јавува Anadolu Agency (AA).
Дневната температура на воздухот во Кемер изнесуваше 18 степени Целзиусови, а температурата на морето 16 степени.
Туристите на брегот од морето уживаа во сончевото време. Додека едните уживаа во морето, другите се одлучија да читаат книга на брегот. Многумина времето го поминуваа со семејството и со пријателите во парковите или со спортски активности.
Освен тоа, некои одлучија да ја посетат планината Тахтали, висока 2.365 метри, а на врвот можеа да дојдат со жичарницата за само 12 минути. Тука се фотографираа, а некои од нив дури и се сончаа на лежалките. Повеќето посетители се туристи од Иран и од Јужна Кореја.