Yunus İçen
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Жителите на турската област Анталија, како и домашните и странски туристи, уживаат во февруарското сонце и пливаат во морето во одморалиштето Кемер, кое се наоѓа на брегот на Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Некои едноставно одлучија да ги искористат предностите на овој период од годината, невообичаено топлото време за да уживаат на плажата, а некои одлучија да направат нешто похрабро, односно да пливаат во морето бидејќи температурата на водата беше 20 степени.
И покрај студеното време во цела Турција, во Кемер е многу потопло, што е добра шанса да се помине времето со семејството, пријателите и со децата, уживајќи во игрите на плажа.