Ahmet Alp Özden
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
АНКАРА
Лидерот на турската Партија на национално движење (МХП), Девлет Бахчели, истакна дека Турција ќе оствари прекрасен раст со новите хоризонти кои се отворени и ќе се отвораат во економијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бахчели ова го истакна на состанокот на парламентарната група на неговата партија во Големото народно собрание на Турција (ТБММ) во Анкара.
„Мислам дека со новите хоризонти кои се отворени и ќе се отвораат во економијата, со стабилни и разумни чекори кои ќе се направат во областа на демократијата и правдата, ќе се пробие злобниот круг и ќе се случи прекрасен раст“, рече Бахчели.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, минатата недела нагласи дека неговата земја одлучила да направи стдруктурни реформи за подобрување на инвестициската клима, со цел зголемување на интензитетот на финансиските пазари и квалитетот на јавните приходи и расходи, како и за спречување на сивата економија.
Исто така, Турција го смени челникот на Централната Банка и назначи нов министер за трезор финансии.
Бахчели меѓу другото се осврна и на кипарското прашање.
„Ако во Кипар постои желба за заедничка иднина, во спокојство, мир и почит, тогаш задолжителна е двострана суверена државна структура заснована на еднакви права", истакна Бахчели.