Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Турција

Бајрам се честита и преку социјалните медиуми

- Центарот за социјални медиуми и дигитална безбедност, образование, апликација и истражување (SODİGEM) при Универзитетот „Анадолу“ во Ескишехир, Турција, го истражуваше влијанието на социјалните медиуми при честитањето на верските празници.
Deniz Açık
09 Август 2019•Ажурирано: 10 Август 2019
Бајрам се честита и преку социјалните медиуми

ЕСКИШЕХИР

Центарот за социјални медиуми и дигитална безбедност, образование, апликација и истражување (SODİGEM) при Универзитетот „Анадолу“ во Ескишехир, Турција, го истражуваше влијанието на социјалните медиуми при честитањето на верските празници, јавува Anadolu Agency (AA).

Во писмената изјава од Центарот се истакнува дека во последните години, покрај традиционалните ритуали, Бајрам се честита и преку социјалните медиуми.

„На социјалните медиуми се објавуваат семејни фотографии од посетите за Бајрам, што е една од главните особини на празникот“, се истакнува во соопштението и се додава дека со денешната технологија најмногу се испраќаат групни дигитални пораки за честитање на Бајрам, а исто така се користат и видеочеститки преку разни апликации.

Во соопштението се истакнува дека со ширењето на социјалните медиуми се намалени традиционалните семејни посети за време на празниците.

„Граѓаните наместо традиционалните семејни посети го честитаат Бајрам преку социјалните медиуми. Повеќето од честитките се испраќаат преку апликациите „Ватсап“ и преку СМС-пораки. Овие пораки се готови текстови за честитање Бајрам, а можат да бидат и поетски текстови. Некои од корисниците на социјалните медиуми при честитањето употребуваат и готови фотографии или гифови каде што пишува 'Среќен Бајрам'. Еден дел од корисниците на социјалните медиуми, како друга метода, го честитаат Бајрам со карикатури за пред бајрамското чистење и фотографии од курбанот. Граѓаните кои за време на Бајрам се далеку од своите блиски, го честитаат Бајрам со видеоапликации како што се „Снепчет“, „Фејстајм“, „Ватсап“ и „Скајп“.


- Селфи со курбанот

Според истражувањето на Центарот, преку социјалните медиуми корисниците често пати објавуваат фотографии од семејните ручеци за Бајрам и фотографии од подготвувањето на јадењата со месото од курбанот.

Исто така, во истражувањето се нагласува дека корисниците често пати објавуваат и селфи-фотографии со Курбанот и видеоинсерти или фотографии од колењето на курбанот.

„Овие ситуации на социјалните медиуми се критикувани бидејќи таквите фотографии не се посакувани. Често пати се објавуваат и фотографии од несреќите при употребата на алатките за сечење на курбанот и курбаните кои успеваат да избегаат. Корисниците на социјалните медиуми, кои наместо прослава со семејството одлучуваат да заминат во туристичките места, исто така, објавуваат фотографии од туристичките места. На Фејсбук и Инстаграм за честитање на Бајрам се објавуваат фотографии, а на Твитер генерално се објавува текст. За време на празникот, повеќе компании и институции го честитаат Бајрам преку Јутуб со рекламни видеа.“


related_topics:
Курбан БајрамистражувањеЕСКИШЕХИР
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Катарците во Турција имаат 22 милијарди долари директни или индиректни инвестиции

Катарците во Турција имаат 22 милијарди долари директни или индиректни инвестиции

Следно

Турскиот парламент упати апел до САД за испорака на Ѓулен, лидерот на ФЕТО

Турскиот парламент упати апел до САД за испорака на Ѓулен, лидерот на ФЕТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турција и Сирија потпишаа договор за фосфати за зајакнување на стратегиското партнерство

Германија ја поддржа претседателката на Меѓународниот кривичен суд по санкциите на САД

НАТО: Подготвени сме за каква било закана од ирански напади врз американски воени цели во Европа

Лидерите на ЕУ изразија поддршка за МКС по новите санкции на САД

Бројот на загинати во земјотресот во Колумбија се искачи на 312

Русија и Украина пријавија цивилни жртви по ноќните воздушни напади

Ирак бара од Иран посебен третман во врска со извозот на нафта преку Ормускиот Теснец

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десет работи кои имаат најмногу бактерии во себе

Десет работи кои имаат најмногу бактерии во себе

Истражување: Најмалку сон имаат самохраните мајки

Истражување: Најмалку сон имаат самохраните мајки

Истражување: Дебелината го зголемува ризикот од рак на дебелото црево

Истражување: Дебелината го зголемува ризикот од рак на дебелото црево

Интернетот често дава погрешна слика за симптомите на одредени болести

Интернетот често дава погрешна слика за симптомите на одредени болести

Истражување: Загадувањето на воздухот убива 5,5 милиони луѓе годишно

Истражување: Загадувањето на воздухот убива 5,5 милиони луѓе годишно

Истражување: Срцевите удари се почести кај жените отколку кај мажите

Истражување: Срцевите удари се почести кај жените отколку кај мажите

Бизнис климата во Македонија според австриските компании

Бизнис климата во Македонија според австриските компании

Лекарите предупредуваат: Децата учат да лажат од родителите

Лекарите предупредуваат: Децата учат да лажат од родителите

Истражување: Децата се среќаваат со интернетот на двегодишна возраст

Истражување: Децата се среќаваат со интернетот на двегодишна возраст

 Околу 900 лица од Балканот заминале на странските боишта

Околу 900 лица од Балканот заминале на странските боишта