Halit Süleyman,Selen Temizer,Mohamad Misto,Levent Tok
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
АНКАРА (АА) - СЕЛЕН ТЕМИЗЕР - За да ги држи далеку од својата граница терористичките организации ДЕАШ и ПЈД/ПКК и да стави крај на „терористичките држави", како и за да ги насели безбедно сириските бегалци, неопходно е Турција да го ослободи сирискиот град Ал Баб, пишува Anadolu Agency (AA).
Ал Баб се наоѓа на североисточниот дел на Сирија и оддалечен е 30 километри од турско-сириската граница. Според податоците на претходниот попис, овој град има 64.000 жители.
Ал-Баб беше населен во поголем број од страна на Арапите сунити и важеше за еден од најважните трговски центри во оваа земја.
Откако контролата на градот ја презеде терористичката организација ДЕАШ овој град остана важен поради својата позиција и патна комуникација на која се наоѓа.
Ал-Баб лежи на автопатот M4 кој се движи од Латакија, под контрола на силите на Асад, а потоа продолжува преку Алепо, Рака, Хасеке, со крајна точка во ирачкиот град Мосул. Името на градот кој го спојува источниот и западниот дел на Сирија, има значење „врата”.
Вооружените сили на Република Турција во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат” , која е започната на 24 август оваа година, од терористите на ДЕАШ расчисти речиси 2.000 километри квадратни територија помеѓу Азаз и Џарабулус.
На тој начин во голема мерка е спречено нивното инфилтрирање односно премин преку границите.
Во случај границата и расчистениот регион да се одржат безбедни, на тој дел ќе биде овозможено повторно населување на сириските бегалци. Исто така, во случај да се преземе контролата од ДЕАШ над Ал-Баб, терористите ќе бидат остранети околу 35 километри од границите.
Доколку не успее да се преземе контролата над Ал-Баб во рамките на „Штитот на Еуфрат”, во сирискиот град би можеле да влезат терористите на ПКК/ПЈД, поддржани од САД, односно би можеле да ги заземат силите на режимот на Башар Ал-Асад.
Војската на Асад и терористичките организации поддржани од режимот моментално се наоѓаат околу 10 километри од Ал-Баб. Доколку режимот го презеде Ал-Баб, под опасност ќе биде и безбедната зона која Турција ја планира на северниот дел.
Од друга страна, доколку ПКК/ПЈД завладее со Ал-Баб, ќе дојде до спојување на двата делови на терористичките организации кои се простираат на стотици километри.
Спојувањето на едниот дел на терористичјата организација западно од реката Еуфрат и другиот дел на истокот, зависи од воспоставувањето контрола над Ал-Баб.
ПКК својот проект „изградба на државата” се обидува да го спроведе во регионот од североисточниот дел на турско-сириската граница, па до местото Африна, кое се наоѓа во близина на турскиот град Хатај.
Ослободувачката војска на Сирија, со поддршка на турските сили, на 13 ноември стигна на два километри од Ал Баб, а на 9 декември правеше подготовки да влезат во градот од северозападниот дел.
Ден претходно во Ал-Баб дојде до жестоки судири, а ДЕАШ најголем отпор за време на операцијата „Штитот на Еуфрат" пружаше токму во Ал Баб. Често изведува и бомбашки напади со автомобил.
Исто така, терористите во Ал Баб се наоѓаат веќе 2,5 години кои ја користат таканаречената предност „цивилно дејствување”.
Се работи за терористи кои се камуфлираат на начин што се движат во цивилна облека и способни се многу брзо да се организираат во мали групи.
Со самото тоа е многу тешко да се утврди од кои точки ќе ги извршат нападите, како и каде се наоѓаат нивните складишта на муниција и оружје.
За разлика од другите региони кои се преземени во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат” во Ал-Баб моментално се наоѓаат десетици илјади цивили.