Orhan Onur Gemici
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Република Турција во последните шест месеци уапсија најмалку 1.656 лица поради терористичка пропаганда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција, наведено е дека е покрената истрага против лица кои преку социјалните мрежи вршеле терористичка пропаганда.
Со резултатите од истрагата, уапсени се 1.656 лица поради терористичка пропаганда, поттикнување на народот на омраза, поврзаност со терористичката организацијја, навреди на сметка на државните службеници и други кривични дела.
Наведено е исто така дека во последните шест месеци во Турција од испрашани 3.710 лица, 1.656 се уапсени, додека останатиот дел се пуштени на слобода со тоа што на поголем дел им се изречени мерки на забрана.