Sibel Kurtoğlu
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Заменик премиерот на Република Турција, Бекир Боздаг, денеска во Истанбул порача дека соработката меѓу терористичките организации ДЕАШ и ПЈД/ЈПГ се одвива под надзор на Соединетите Американски Држави (САД), дека тоа е неприфатливо и претставува голема грешка, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг се осврна на договорот помеѓу терористичките организации ДЕАШ и ПЈД/ЈПГ, велејќи дека против ДЕАШ не се води вистинска и искрена борба и дека една терористичка организација соработува со другите со цел да ја штитат.
„Оваа соработка се случува под надзор на САД. Тоа е неприфатливо; една голема грешка. Оние што пред целиот свет положија заклетва дека ќе ги уништат (ДЕАШ), наместо да го прават тоа сега го покажуваат став со кој ги штитат. Тоа е навистина голема грешка. Очекуваме од целиот свет да ја уочи оваа грешка и овој лицемерен став“, порача Боздаг.
Тој истакна дека Турција добила одговор од Соединетите Американски Држави во врска здравствениот статус на иранско-турскиот бизнисмен Реза Зараб и оти неговата здравствена состојба е добра.
„Добивме устен одговор од САД. Здравствената состојба на Реза Зараб во моментов е добра, таа информација стигна до Министерството за надворешни работи", рече Боздаг.
Турските власти испратија дипломатска белешка до Соединетите Американски Држави во врска со Зараб, трговец со злато, кој во моментов е во притвор во Менхетен и го чека судењето.