Sorwar Alam
25 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот заменик-премиер и портпарол на турската Влада денес истакна дека по вчерашните избори новата влада на Турција ќе ги преземе неопходните чекори за укинување на вонредната состојба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за телевизискиот канал „A Haber“ (А Хабер), Боздаг истакна дека претседателот Реџеп Таип Ердоган има силна волја да ја укине вонредната состојба и дека Владата ќе преземе чекори во тој правец.
„Волјата е јасна. Постои волја да се укине вонредната состојба и ќе се одреди рамката и временскиот период за тоа, а ние ќе преземеме соодветни чекори“, рече тој.
Турција за прв пат прогласи вонредна состојба на 20 јули 2016 година по неуспешниот обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, во кој животот го загубија 251 лице, додека околу 2.200 беа повредени. Оттогаш беше продолжувана од страна на властите.
Во предизборната кампања, Ердоган говореше и за укинувањето на вонредната состојба.
Боздаг, исто така, истакна дека резултатите од турските претседателски и парламентарни избори објавени од Anadolu Agency се точни и веродостојни.
Тој потенцираше дека фактот што резултатите на Изборната комисија и оние објавени од Anadolu Agency (АА) се поклопуваат, е показател на точното и веродостојно известување на АА.