Selma Kasap
23 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Надлежниот Одбор на Министерството за образование на Република Турција подготви наставни програми на босански и на албански јазик, кои се вклучени во наставниот план во основните училишта во Турција за следната учебна година, јавува Anadolu Agency (AA).
Протоколот за босански јазик како изборен предмет во турските училишта меѓу БиХ и Турција беше потпишан во 2015 година. Од училишната 2017/2018 година, босанскиот јазик во турските училишта ќе го изучуваат учениците од петто до осмо одделение како изборен предмет.
Слична е ситуацијата и со албанскиот јазик, кој исто така ќе се најде во наставната програма на турските основни училишта.
Со усвојувањето на наставната програма започна процесот на пишување на учебниците, коишто ги подготвува тим од Универзитетот во Тракија (ТУ), во соработка со образовните институции и експерти од Босна и Херцеговина и од Албанија.
Претходно турскиот јазик беше вклучен во основните училишта во неколку кантони во БиХ.
И министерот за цивилни прашања, Адил Османовиќ неодамна беше во посета на Турција. При посетата во Анкара, Османовиќ со турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз, потпиша протокол за соработка во областа на образованието меѓу Советот на министрите на Босна и Херцеговина и Република Турција.