Ali Murat Alhas
25 Јануари 2020•Ажурирај: 26 Јануари 2020
АНКАРА (AA) - Дирекцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АФАД) соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот кој вчера го погоди градот Елазиг, на истокот на Турција, порасна на 29, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во акциите за спасување со кои координираше АФАД, по земјотресот во градот Елазиг во Турција, од под урнатините досега се спасени 43 лица.
Во соопштението се наведува дека по силниот земјотрес на лекарите за помош им се обратиле 1.466 лица, додека на подрачјето погодено од земјотресот поставени се 8.565 шатори за загрозените граѓани.
Според најновите податоци, во земјотресот се срушени 72 згради, 514 претрпеа огромна, а 409 помала штета.
„По големиот земјотрес забележани се уште 14 земјотреси над четири степени и 462 помали потреси. Продолжуваат активностите на пружање помош на загрозените жители", се додава во соопштението на АФАД.
Се наведува дека во централните делови на Елазиг и понатаму трае потрагата и акција за спасување на преживеаните.
Епицентарот на потресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер регистиран е во местото Сивирџе, недалеку од градот Елазиг.
Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај, Османије и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.