Ayşe Yıldız,Mustafa Kurt,Ali Rıza Akkır
10 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
АНТАЛИЈА (AA) - Невообичаено топлото време за овој период на годината, па дури и за турската туристичка дестинација Анталија, ја искористија бројни жители, но и туристи, за последно излегување на плажите во оваа година во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Температурата од 25 степени во ноември беше добар повод за домашните, но и за странските туристи во Анталија и Мугла и денес да уживаат во бањањето.
Температурата на морето денес достигна 23 степени, па многумина одлучија викендот да го поминат на плажите во овие турски крајбрежни градови.
Еден од нив е и Мелтен Окутан, која за АА изјави дека морето е многу позабавно во ноември.
Голем број туристи беа и на познатата плажа на Клеопатра во Аланија, а една од нив е и Германката Никол Хандсман.
Како што рече, од ладното и студено време во Германија, „избегала“ во Турција.
„Во Германија е студено со снег и дожд, меѓутоа, тука времето е многу убаво“, порача Хандсман.