Yeter Erdine,İsmail Hakkı Demir
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Денес во југоисточната турска покраина Газиантеп, погребани се 37 жртви од вкупно 51, кои загинаа во синоќешниот терористички напад на свадбата во областа Шахинбеј, јавува Anadolu Agency (AA).
Телата на загинатите семејствата ги презедоа по завршувањето на судската постапка на аутопсија, а потоа пред џамијата Језилкент е извршен верскиот обред- џеназе намаз, при што телата се закопани на гробиштата Језилкен.
Исламскиот верски обред беше предводен од страна на главниот советник на претседателот на Управата за верски работи на Турција, Абдурезак Атеш, а присуствуваа голем борј на официјални лица и граѓани.
Во мртовечницата на Центарот за форензичка медицина се наоѓаат телата на останатите 14 загинати лица, а нивниот погреб ќе биде организиран по извршување на потребните постапки.
Тагата, болката и солзите се видливи на лицата на сите насобрани на испраќањето на жртвите на синоќешната стравична експлозија која одекна меѓу масата на насобрани лица на свадбата.
Испраќањето со загинатите е организирано со зајакнати мерки на безбедност, а помала група на граѓани фрлаше пластични шишиња со вода на полицијата, но ексалацијата на немирите е попречена.
На некои од ковчезите беа ставени прекривки кои ја симболизираат терористичката организација ПКК, на кое верските службеници реагираа, и тргнувајќи ги прекривките појаснија дека се работи за верски обред и дека не дозволуваат такви потези.
Во тек е истрагата за синоќешниот напад, а турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул изјави дека прелиминарните резултати укажуваат на тоа дека нападот е дело на терористичката организација ДАЕШ и дека го извршил малолетен бомбаш самоубиец.