Ekipa
19 Август 2019•Ажурирај: 20 Август 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 418 осомничени лица се притворени во операциите против сепаратистичката терористичка организација ПКК/КЏК во 29 града во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Антитерористички операции се спроведуваат и во областите Дијарбакир, Мардин и Ван во југоисточна Турција.
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека операциите продолжуваат.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.