Orhan Onur Gemici
05 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Орхан Онур Гемиџи - Во акциите спроведени во последните девет месеци во водите на Турција, пронајдени се повеќе од 38.460 непријавени мигранти, а уапсени се 56 организатори, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите се фатени додека преку поморски пат илегално се обидувале да влезат или да излезат од Турција.
Од Крајбрежната стража е наведено дека екипите на терен од 1 јануари до 30 септември забележале 1.115 случаи непријавени миграции.
Најмногу мигранти се фатени во јули, август и септември. Екипите на Крајбрежната стража без престан работат на сузбивање на илегалните миграции.
Од командата на Крајбрежната стража е соопштено дека во акциите во морињата, кои се во надлежност на Турција, фатени се 38.467 мигранти. Забележано е зголемување во однос на тој ист период минатата година.
Во девет месеци оваа година, во несреќите во морињата се удавија 30 мигранти.