Barış Gündoğan
05 Октомври 2019•Ажурирај: 06 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, а воедно и претседател на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија), Реџеп Таип Ердоган, истакна дека нивната цел е исто така, и источниот дел на Еуфрат да го наводнуваат со извори на мир, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган имаше свое обраќање на 29. консултативен состанок на неговата партија во местото Кизилџахамам во Анкара.
Турскиот претседател говореше за операцијата која се планира да се реализира во источниот дел на Еуфрат, како и за безбедносната зона во Сирија.
Ердоган нагласи дека ги направиле сите предупредувања во врска со источниот дел на Еуфрат, и дека доволно биле трпеливи во оваа насока.
„Нашата цел е исто така, и источниот дел на Еуфрат да го наводнуваме со извори на мир“, рече тој.
„Направивме подготовки, ги завршивме нашите планови за операцијата, ги дадовме потребните инструкции. Времето за отворање на патот на изворите на мирот за кои е дадена одлука и е започнат процесот, е блиско, можеби денес, можеби утре. Оваа операција ќе ја водиме и од копно и од воздух“, додаде Ердоган.
Турскиот претседател говореше и за економијата на неговата земја, и рече дека нивната цел во наредните години е да забележат раст од 5 отсто, но и уште повеќе.
„До крајот на периодот на оваа програма, инфлацијата ќе ја намалиме под 5 отсто, додека невработеноста под 10 отсто“, нагласи Ердоган.
„Во наредните четири години кои ќе поминат без одржување избори, со внимателност ќе ја следиме нашата мапа на патот, и ќе достигнеме до нашите цели од 2023 година“, истакна тој.