Mustafa Dermencioğlu
09 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ДЕНИЗЛИ (АА) - Одделот за борба против криумчарење и организиран криминал на полицијата на турската област Денизли, започна операција по добивањето информации дека некои лица сакале да ги продадат старите артефакти што ги поседувале, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните екипи започнаа да ги следат осомничените кои се идентификувани како шверцери на стари историски книги, по што во центарот на Денизли е запрено возилото и приведени се двајцата осомничени.
Во спроведената претрага на возилото, најдена е кеса со две книги, рачно испишани со позлатени мотиви.
- Откриено е дека книгите се стари 1.500 години
Книгите, чии страници се изработени од папирус, испитани е од страна на член на предавачкиот одбор на професори од Одделот за археологија при Факултетот за физика, на Универзитетот „Памуккале“.
Откриено е дека книгите се оригинални дела, стари 1.500 години.
Се верува дека овие книги се по потекло од Египет, подготвени се за барање заштита од Исус и дека заштитувале од различни болести.
Приведените лица се пуштени да се бранат од слобода.