Hatice Şenses Kurukız,Sümeyye Dilara Çelik
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Властите на Република Турција во комплексот на аеродромот „Ататурк“ и во Санџактепе во Истанбул паралелно градат две болници, јавува Агенција Анадолија (AA).
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, по седницата на Кабинетот на 6 април најави изградба на две болници во Истанбул, а нивната изградба започна три дена подоцна на местото на аеродромот „Ататурк“ и квартот Саригази во Санџактепе.
Станува збор за болници со капацитет од 1.008 болнички кревети, а завршувањето на изградбата е планирано за 24 мај.
Болниците што се градат во Истанбул ќе бидат наменети за лекување на пациенти повредени при природни непогоди, како што се земјотреси, епидемии и други вонредни состојби.
На изградбата на тие два модерни медицински комплекси во три смени работат вкупно 8.000 работници.
Секоја од двете болници се протега на површина од 184.000 квадратни метри и содржи 70.000 квадратни метри покриен простор.
Сите болнички соби се планирани на начин во краток рок да можат да се адаптираат на потребите и да се претворат во соби за интензивна нега.
Двете болници, по изградбата ќе ја имаат целата потребна медицинска инфраструктура со операциони сали, магнетна резонанца, тријажни простории, лаборатории и други содржини.