Muhammed Ali Toruntay
28 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека двајца терористи на ПКК се неутрализирани во регионот Хакурк во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана се наведува дека операциите против терористичката организација ПКК се спроведуваат одлучно.
„Двајца терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК се неутрализирани во регионот Хакурк во северен Ирак, со операција поддржана од воздух“, се истакнува во соопштението на Министерството за одбрана на Турција.
Терористите на ПКК го користат подрачјето на северен Ирак за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.