Halil Demir,Halis Akyıldız
20 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили во Истанбул извршија рација на најмалку 20 адреси и приведоа 18 странски државјани поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Антитерористичките тимови спроведоа операции за приведување на осомничените под наводи дека се оперативци на терористичката организација и дека заговарале извршување на терористички напади, соопштија изворите кои говореа под услов на анонимност.
Во операциите се откриени и запленети голем број документи на организацијата и дигитален материјал.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш во земјата беа извршени повеќе напади од терористичката организација, и тоа најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 оружени напади во кои беа убиени над 300 лица, а стотици беа повредени.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади од ДЕАШ.