Burak Bir
03 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
ВАН (АА) - Турската полиција заплени 330 килограми хероин во источната турска област Ван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата соопштија дека тимот за борба против трговијата со наркотици започнал операција во подрачјето на Едремит.
За време на пребарувањето, со помош на кучиња трагачи, полицијата откри 331,16 килограми хероин, скриен во 643 пакетчиња во куќа и во резервоарот за гориво на камион.
Приведени се шест осомничени за криумчарење дрога.
Според полициските податоци, турските безбедносни сили конфискувале вкупно 17,3 тони хероин во 2018 година, и привеле над 1.500 осомничени лица.