Davut Demircan
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
ЕРЗУРУМ (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа вкупно 144 терористи на ЈПГ/ПКК во Турција и пошироко минатиот месец, јавува Anadolu Agency (АА).
Антитерористичките операции беа заеднички спроведени од страна на Националната разузнавачка организација (МИТ), турските вооружени сили, жандармеријата и полициските сили во источна и југоисточна Турција, имајќи за цел терористички бази и депоа за оружје.
Околу 40 осомничени беа задржани во притвор меѓу 115 уапсени осомничени лица, вклучувајќи двајца градоначалници во источна и југоисточна Турција од опозициската Народна демократска партија (HDP), во операција против ЈПГ/ПКК.
Седум лица од турскиот безбедносен персонал загинаа во текот на месецот, додека четири беа повредени. Осум цивили исто така загинаа, а 14 се повредени во терористичките напади.
- Терористите се тешко погодени -
За време на безбедносните операции, во источна, јужна и југоисточна Турција, исто така беа неутрализирани таканаречените високи претставници на терористичката организација.
Безбедносните сили исто така неутрализираа двајца терористи кои ги убија турските војници Еркан Санча, Мехмед Саид Бариш и Ѓунгор Долунај во терористичките напади во турската југоисточна област Хакќари.
Еден терорист, под кодното име „Азад“, кој исто така се сметаше за висок претставник во југоисточното подрачје на Савур, Мардин, беше неутрализиран во подрачјето Артуклу во истата област на 10 септември.
- Тежок удар за врвот на ЈПГ/ПКК -
Терористот Бајрам Башкала кој се наоѓаше на листата на барани терористи беше исто така неутрализиран во операција на турската жандармерија во источната област Ван на 14 септември.
Башкала беше обвинет за извршување неколку терористички напади.
Деврим Акбај, исто така, на листата на барани терористи, беше еден од двајцата терористи неутрализирани за време на операцијата во источната област Битлис на 17 септември.
Осман Екинки - со кодно име „Берхем“ - беше еден од тројцата терористи неутрализирани во операцијата на 29 септември и беше одговорен за напад со автомобил бомба врз возилото на локалниот градоначалник во југоисточната област Сирт.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.