Burak Bir
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
ВАН (АА) - Турската полиција денес заплени над 137 килограми хероин во источната турска област Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одделот за наркотици започна операција против нелегалната трговија со дрога во дистриктот Ипекјолу“, соопшти локалната полиција.
За време на пребарувањето со помош на полициско куче, полицијата пронајде хероин спакуван во осум вреќи во багажник на паркирано возило.
Возачот со иницијали С.У. е уапсен за криумчарење дрога.
Според полициски податоци, турските безбедносни сили во 2018 година конфискувале вкупно 17,3 тони хероин, а привеле над 1.500 осомничени лица.