Burak Bir
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
АНКАРА (АА) - „Владиниот план за реформа на турското правосудство ќе ја постави агендата за новата судска година, што ќе започне оваа недела“, истакна денес турскиот министер за правда, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Новата судска година ќе биде период на продлабочување на принципот за владеење на правото, кој претставува гаранција за основните права и слободи, со реформски и одлучен пристап“, истакна министерот Абдулхамит Ѓул во соопштение пред утрешниот официјален почеток на судската година во Турција.
Во врска со Документот за стратегијата за реформи во правосудството на Владата, соопштен на 30 мај, Ѓул рече дека документот ќе помогне во реализацијата на целите и обврските на Владата.
„Во согласност со главните цели на овој документ, што го подготвивме по принципот на доверлива и достапна правда, ќе ги реализираме целите и активностите, на кои се обврзавме пред нашата нација, еден по еден на демократски и плуралистички основи со активно учество на сите релевантни институции.“
Тој додаде дека документот ќе го постави патоказот за новата судска година.