Tuba Şahin
08 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
НЕВШЕХИР (АА) - Вкупно 437.516 туристи во периодот од јануари до септември уживаа во турите со балоните со топол воздух во прекрасниот туристички центар Кападокија, јавува Anadolu Agency (AA).
Кападокија, која се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, е позната по своето карактеристично плато, долини, ридови, самовилските оџаци, шарени фрески кои ги покриваат подземните градови, хотели, куќи изградени во карпите, камени цркви, капели и засолништа што ги користеле раните христијани.

Летот со балон на топол воздух над небото на Кападокија за еден час изнесува 170 - 200 евра по лице.
Турција оствари приход од 78 милиони евра во првите девет месеци од оваа година, покажуваат податоците.