Kemal Karadağ
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
ШИРНАК (АА) - Во операциите против сепаратистичката терористичка организација ПКК во градот Ширнак, југоисточна Турција, запленети се два противтенковски проектила од шведско производство, Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено од страна на Генералштабот на турската армија се истакнува дека 48-та гранична бригада вчера добила информација дека терористите, членови на сепаратистичката терористичка организација, имаат скриено оружје и муниција донесени од Ирак за да се користат во областа Билич Тепе во регионот Улудере, во градот Ширнак.
По оваа информација, се истакнува дека за време на инспекцијата спроведена во регионот, запленети се два противтенковски проектила AT-4 од шведско производство.
Генералштабот ги сподели сликите од проектилите со медиумите.