Kemal Karagöz
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Најмалку 1.700 сириски бегалци во последните седум дена се вратија во Џарабулус, во близина на сириско-турската граница, кој за време на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во потполност е исчистен од терористите на ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириските бегалци кои поради војната биле принудени да ја напуштат својата татковина и да побараат засолниште во бегалските кампови во Турција, неколку дена пред Курбан Бајрам почнаа да се враќаат во своите домови.
Директорот на Центарот за бегалци во турскиот град Газиантеп, Октај Бахчели, за АА потврди дека сириските бегалци со офанзивата „Штитот Еуфрат“ почнале да се враќаат во Џарабулус.
„Враќањето продолжува. До денес се вратија 1.700 бегалци“, изјави Бахчели, и додаде дека очекува во наредниот период уште поголем број на бегалци да пратат барање за враќање.
Од друга страна, продолжува и давањето хуманитарна помош на бегалците што се вратија во Џарабулус, Кобанбеј и во Хавар. Во текот на првиот ден на Курбан Бајрам, за нив се обезбедени и 700 курбани.
Жителите на Џарабулус вчера за првпат по 2,5 години ја доживеаја бајрамската радост во својот град.