Yeşim Sert Karaaslan
13 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Авиони на турските воздухопловни сили синоќа уништија три подвижни цели во покраината Хакќари, во југоисточна Турција, и притоа неутрализираа најмалку тројца припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Генералштабот на Турските вооружени сили (ТСК), синоќа околу полноќ, во период од околу 30 минути, турските воздухопловни сили делуваа врз три подвижни цели во Шемдинли, Хакќари.
Според првичните проценки, неутрализирани се најмалку тројца припадници на терористичката организација ПКК.
По завршувањето на задачата, авионите безбедно се вратиле во базата.