Tuba Onğun
12 Април 2023•Ажурирај: 14 Април 2023
АНКАРА (АА) - Турските аеродроми пречекаа над 38,9 милиони патници, сметајќи ги и транзитните патници, во периодот јануари-март, јавува Анадолу.
Тримесечната бројка порасна за 31,5 отсто од пред една година, покажаа податоците на Генералниот директорат на Државната управа за аеродроми.
Околу 18,8 милиони патници во наведениот период ги користеле домашните летови, што е пораст од 17,6 отсто на годишно ниво.
Бројот на патници на меѓународните летови се зголеми за 48,3 отсто на 20,2 милиони во периодот јануари-март.
Во првиот квартал на 2023 година аеродромите во Туркије опслужиле 436.550 авиони, вклучително и прелети.
Низ аеродромот „Истанбул“ минале повеќе од 40 отсто од вкупниот патнички сообраќај во земјата со 16,5 милиони патници, од кои 3,6 милиони на домашните линии, додека 12,9 милиони на меѓународните.
Мегааеродромот од јануари до март опслужил вкупно 113.845 авиони.
Низ вториот најфреквентен центар на авиосообраќајот во Туркије, аеродромот „Сабиха Гокчен“ на азиската страна на градот Истанбул, минале 7,9 милиони патници.
Следува аеродромот во Анталија во турскиот туристички град на Медитеранот, низ кој минале 2,8 милиони патници.
Од друга страна, карго сообраќајот на аеродромите во Туркије опадна за 4,6 отсто во однос на истиот период минатата година, на речиси 347.072 тони.