Muhammed Ali Gürtaş
06 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во периодот од јануари до август годинава низ турските аеродроми регистрирани се околу 140 милиони патници кои ги користеле домашните или странските авиолинии, јавува Anadolu Agency (AA).
Аеродромските власти соопштија дека за периодот од изминатите 8 месеци од оваа година, бројот на патници кои минале низ турските аеродроми се искачил на 12,7 отсто на годишно ниво.
Околу 45,7 отсто од вкупниот број патници ги користеле меѓународните летови.
Од над 50 аеродроми во земјата, истанбулскиот аеродром „Ататурк“ бил најфреквентниот аеродром, со вкупно 45,6 милиони патници во истиот период - околу 13 милиони патници на домашните летови, и речиси 32,5 милиони патници на меѓународните летови.
Истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“, кој се наоѓа во азискиот дел на Истанбул, е вториот најактивен аеродром, со околу 23 милиони патници, односно со годишен пораст од 11 отсто.
По аеродромите во Истанбул, на трето место се наоѓаат аеродромите во Анталија, во главниот град Анкара и во турската област Измир.
Официјалните податоци покажуваат и дека вкупниот авионски сообраќај, вклучувајќи ги и прелетувањата во турскиот воздушен простор, се зголемил за 7,3 отсто, достигнувајќи 1,36 милиони летови во периодот од јануари до август годинава.